Албон презадоволен од перформансите на подобрениот Вилијамс

Александер Албон е полн со пофалби за перформансите на неговиот подобрен Вилијамс ФВ44 на Пол Рикар и посочи дека тоа биле најдобрите перформанси годинава.

Тој и Латифи ги добија сите подобрувања откако Алекс ги вози од Силверстон, но немаше вистинска шанса да ги тестира и прилагоди на болидот. На вториот тренинг, болидитен а Вилијамс поставија 16то и 20то место соодветно, но возењето и држењето на болидот било одлично.

имавме одличен ден денеска. уште по првиот круг на првата сесија беше добро чувството додека се вози, всушност ова беше најдобриот болид кој сум го возел годинава и пресреќен сум поради тоа – посочи албон.

јасно е дека сеуште сме во долниот дел од поредокот, но мислам дека имаме голем потенцијал и тоа ме прави среќен. патекава игледа ни одговара, но има уште од викендот – изјави албон.

Поранешниот возач на Ред Бул го имаше на располагање новиот пакет и на Силверстон и на Ред Бул Ринг, но смета дека оптимизацијата е направена сега и дека  развојот почнал да носи перформанси и резултати.

правиме работи кои ни помагаат да го оптимизираме болидот и да имаме подобро чувство додека возиме. оваа паткеа не е лесна, иам многу долги кривини, има и многу бавни кривини, летечки исто така, поради што ви треба добро адаптиран болид затоа што и ветерот може да направи проблем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ