Албон пуштен од болница

Вилијамс потврдија дека нивниот возач Александер Албон е пуштен од болница откако беше на прегледи и проверки, а по тешкиот судар за време на стартот на Британското Гранд При.

Албон беше силно удрен од позади од Себастијан ФЕтел на Астон Мартин откако кочеше за да избегне да биде зафатен од мешаницата која ја предизвикаа Расел, Жу и Окон. По сударот се заби директно во оградата, а потоа беше удрен и од други болиди затоа то се одби на патеката. Окако болидот застана, тој му јави на тимот дека е добро, но медицинскиот тим го вадеше од кокпитот и бееш пренесен во болница.

Првичните проверки во медицинскиот центар на патеката не открија никако проблем кај него, но беше пренесен на темелни испитувања во болницата во Ковентри.

среќни сме што моежеме да потврдиме деа алекс нема никаков проблем и му е дадена дозвола од докторите да ја напушти болницата во конвентри. ви благодарам на сите за желбите за закрепнување – гласеше официјалното соопштение од тимот.

мило ми е што сите вклучени во инцидентот од првиот круг се добро. му благоарам на медицинскиот тим во болницата и штета е што трката ни заврши уште пред да почне, но веќе сме насочени кон австрија – напиша возачот на својот твитер профил.

Во својата изјава, шефот на тимот, Јост Капито, откри дека возачот му кажал оти ударот во оградата му бил најтежок до сега.

по малку е отечен, ќе видиме како ќе биде утре, но ни олесна, мене ми олесна затоа што е најважно да биде во ред. неговиот тренер отиде со него во медицинскиот центар и имавме редовен контакт. има некакви болки во грбот и треба неколку денови да мирува и биде внимателен.

се виде колу е важно да не с епрестане да се работи на безбедноста. овој пат немаше огромно намалување на брзната затоа што беше удрен од позади, но са заби директно во ограда, ослободи дел од енергијата и се врати на патеката. но, ударот во оградата вели дека бил многу силен.

такво е тркањето и не може да останете фрустриран. главно е дека е во ред, здрав е, самиот оди, ништо друго не е важно.

Тимот од Гроув може да биде смиренн дека нивниот возач е во ред и може да се насочат кон подготовка на ФВ44 болидот за следната трка откако на оваа Алекс возеше со целосен пакет новини кој тимот едвај стигна да го подготви за трката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ