Албон сака да го заборави Монако

Британецот со тајландско потекло, Алекс Албон, признава дека сака да ја заборави трката во Монако откако по втор пат не заврши оваа сезона. 

Возачот на Вилијамс освои поени на две трки до сега и сакаше повторно да стигне до поени во Монте Карло. Но, по лошите квалификации тој стартуваше од 16та позиција. На трката со дождот тој не успеа да напредува и ја заврши пред време поради механички проблеми. 

Имав тежок ден и немав перформанси. Условите не ми помагаа бидејќи не можев да ги загреам кочниците и подоцна патеката се сушеше и имаше црвено знаме.

Болидот беше добар на чист воздух што е позитивна работа од овој викенд, Но имав проблем и моарв пред време да ја завршам трката. Ова беше викенд кој треба да се заборави. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ