Алонсо воодушевен што Хамилтон продолжува со успехот

Фернандо Алонсо признава дека е импресиониран со постојаниот успех на Луис Хамилтон во Формула 1, инсистирајќи дека возачот на Мерцедес сега е рамо-до-рамо со легендарниот Михаел Шумахер.

Хамилтон ја освои шестата титула годинава и сега е на дофат до рекордот на Шумахер кој има седум титули. Според неговото мислење, британецот смета дека 2019 година била многу тешка, а однадвор, Фернандо Алонсо го споделува неговото мислење.

Неверојатно е тоа што тој го прави во Формула 1 моментлно. Комбинацијата помеѓу него и екипата е многу доминантна. Мислам дека првенството беше многу тешко за него. Ферари беа силни, како и Ред Бул во одреден период од годината.

Запрашан дали Хамилтон треба да биде споменат во иста реченица со Шумахер, Алонсо е уверен дека тоа е случајот.

Мислам дека е тешко да се каже, дали е подобар од Шумахер. Мислам дека Луис е барем на истото ниво.

Моменталниот договор на Хамилтон со Мерцедес истекува на крајот на следната сезона. Шпекулациите се се погласни дека 34-годишниот возач би можел да премине во Маранело за 2021 година. Како поранешен возач на Ферари, Алонсо нема голем совет за звездата на Ф1 во однос на иднина со Ферари, освен да размисли добро пред да ја донесе својата одлука.

Мислам дека тоа е многу лична работа. Тој мора да ги земе предвид сите можни сценарија и состојки во миксот и да донесе одлука. Мислам дека е многу приватна работа. Мислам дека ќе има лојалност кон Мерцедес, како и кон успесите кои ги постигнаа заедно.

Исто така, не знам како Мерцедес размислуваат за 2021 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ