Алонсо го кани Верстапен на Ле Ман

Фернандо Алонсо е двократен победник на 24 часа Ле Ман и сега го кани Макс Верстапен да биде негов колега на трката.

Шпанецот изјави дека би сакал да вози покрај Верстапен на некоја од наредните трки. Иако тој е фокусиран на Формула 1 по одличниот почеток на оваа година, не отфрла враќање и на Ле Ман, посебно ако Верстапен му е колега.

Во иднина секако би искористил шанса да возам на Ле Ман, но би сакал со Верстапен. Ние сме добри пријатели и сме во контакт. Би сакал да возам со него на Ле Ман. Чувството кога возиш и го предаваш автомобилот  на својот колега е незаменливо. Би ми било чест – објасни нандо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ