Алонсо има план за следната година, но без Ф1

Фернандо Алонсо веќе ги има скроено своите планови за следната тркачка сезона, но за сега откри дека истите не вклучуваат Формула 1 трки.

Нандо замина од врвната моторспорт тркачка серија на крајот од 2018 година, а годинава како потврдена обврска го има само Инди 500 на крајот на Август со Ероу Мекалрен СП, негов трет обид да ја освои легендарната трка.

знам отприлика што ќе правам следната година, а наскоро ќе го откријам тоа и јавно, иако во моментов не можам ништо повеќе да кажам – најави шпанецот за официјалниот инстаграм профил на ле ман.

Тешко е да се очекува некаква можност за враќање во Формула 1 за 38-годишнио возач со 32 Гранд При победи за себе особено то ова ќе му биде втора година надвор од тркачакта серија.

секогаш велев дека во 2021 година може да се вратам во формула 1 поради тоа што ќе има нови правила и нови болиди кои се надевам дека ќе бидат подобро балансирани, а јас ќе станам гладен за патувања и за победи.

формула 1 ги одложи правилата за 2022 година што мислам дека е лошо за спортот затоа што им требаат подобри болиди и правила колку што може поскоро. сепак, одлуките се разбирливи поради сегашната ситуација која не дозволува развој на целосно нови болиди.

Во врска со следната година, како и оваа, тој одби да се обврзе на цела сезоан во Индикар.

посветеноста кон индикар во овој момент од мојот живот би била преголема обврска. мислам дека пред неколку години тоа беше можно, но не и сега затоа што иамат 16-17 трки на патеки кои не ги знам што бара голема подготовка и посветеност од мене, нешто што не го сакам во моментов.

инди 500 е веќе договорена и одлична трка за која имам долги подготовки, но цела сезона е нешто друго. посветеноста е преголема.

Тој е задоволен од одработениот Дакар сезонава и се надева да се врати и во иднина.

ми се допаѓа духот и атмосферата коај владее на дакар. се споделуваат приказни со возачите, механичарите, новинарите, среде пустина сте, нема хотели, нема тоалети, многу работи кои ги имате насекаде таму недостасуваат и тоа е интересно.

тоа беа три недели на чисто истражување и се надевам дека еден ден повторно ќе се врататм. имам уште време, саинз годинава победи со 57 години. се надевам следното учество ќе бидам поконкурентен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ