Според фановите, Верстапен би ги победил Хамилтон и Алонсо во идентични болиди

Читателите на еден од меѓународните портали за Формула 1 гласаа кој возач ќе триумфира во идентични болиди.

Фановите го изгласаа Макс Верстапен како најверојатен да ги победи другите светски шампиони во Ф1, Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо во идентични болиди.

Холанѓанецот има предност од 125 поени пред тимскиот колега од Ред Бул, Серхио Перез, во потрагата по трет последователен триумф за титулата со помош на доминантниот РБ19.

Но, во анкета кој ќе излезе на врвот во идентични болиди помеѓу Верстапен, Хамилтон и Алонсо, Верстапен го доби најголемиот дел од гласовите.

Верстапен, кој победи на 10 од 12те трки одржани овој година, освои 45,4 проценти од гласовите, нагласувајќи го неговото присуство како возач во Ф1 кој треба да се победи во моментот.

Разликата меѓу поранешните тимски колеги од Мекларен, Хамилтон и Алонсо, сепак беше далеку поблиска.

Седумкратниот шампион Хамилтон освои 27,7 проценти од гласовите, а Алонсо собра 26,9.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ