Алонсо импресиониран од Тојота

Првиот тест на Фернандо Алонсо позади управувачот на Тојота ТС050 наменета за 24 часа Ле Ман, го импресионираше шпанецот.

Во обид да ја освои Тројната Круна во моторспортот, двократниот Формула 1 шампион ќе се трка на 24 часа Ле Ман годинава со јапонскиот производител, но ќе вози и на неколку трки во Светското Првенство на Издржливост.

Алонсо имаше можност да го тестира автомобилот во Бахреин минатата година.

Автомобилот е едноставно неверојатен, машината е нешто многу специјално. Мислам дека погонот на четири тркала, заедно со хибридниот систем го прави автомобилот како ракета.

Излегувате од свиоците и го чувствувате притисокот, а очите ви се широко отворени. Секој тркач треба да го почувствува тоа барем еднаш.

Едвај чекам до Јуни, но знам дека пред големиот настан ќе имам дополнителни тестови, бидејќи мора да тренирате за таа трка. Ќе се обидам да бидам целосно подготвен, да патувам на ефикасен начин и да бидам подготвен – изјави Алонсо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ