Алонсо и Тојота победија на Ле Ман

Тојота конечно стигнаа до трофејот кој толку многу го сакаа со историска 1-2 победа на 86то издание на легендарната 24 часа Ле Ман. Екипажот од Фернандо Алонсо, Казуки Накаџима и Себастиен Буеми беа два круг пред “сестринскиот“ ТС050-хибрид.

По дефектот во последниот круг кој им ја скрати победата лани, по пауза од 20 години јапонците конечно победија на трката во која толку многу вложуваа изминатите години. Ова исто така значи дека на Алонсо му недостасува уште победа на Инди 500 за да стигне до “тројната круна“ и да стане втор возач по Грахам Хил кој го сторил тоа.

Накаџима донесе пол позиција за автомобилот со број 8, а Алонсо имаше фантастична нона серија во истиот, за потоа и Себастиен Буеми да одбие да го чува другиот автомобил и да напаѓа.

Триумфот следува откако шампионите Порше се повлекоа од спортот лани, а тојота стана втор јапонски производител со победа на Ле Ман по Мазда во 1991 година.

Во ЛМП2 класата доминираа Г Драјв Рејсинг со поранешниот возач Жан Ерик Верн во кокпитот, придружуван од Роман Русинов и Андра Пицитола.

Во ЛМГТЕ Порше продолжи да доминира со 1-2 победа на Порше ГТ екипата, а победија како во професионалната така и во аматерската класа. Мајкл Кристенсен, Кевин Естре и Лаутентис Вантахур беа најбрзи во оваа класа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ