Алонсо не бил виновен во скандалот Spygate

Педро де ла Роса смета дека Фернандо Алонсо бил некоректно обвинет во неговата улога во случајот Spygate кој доведе до казна од 100 милиони долари за Мекларен и дисквалификација од првенството во таа 2007 година.

Постоеја обвинувања дека Алонсо е виновен за протекувањето на информации кои го известија светот дека Мекларен добиле тајни документи околу клучни детали за ривалите Ферари и нивниот болид. Де ла Роса, резервниот возач на Мекларен во тој период, повторно се наврати на скандалот и смета дека било погрешно што Алонсо бил посочен како личноста која му наштетила на Мекларен.

Ситуацијата беше како развод во тимот. Соработката не беше добра и претходно, но тоа беше како целосен развод. Фактот што ФИА беше запознаена посочи кон повеќе прашања околу тоа кој ги испратил информациите кон нив. Сите почнаа да го обвинуваат Фернандо за нешто што не бевме запознати, а немаме никакви докази дека тој стоел позади тоа.

Но ФИА знаеше, Ферари можеа да бидат извор, можеше да биде секој бидејќи имаше многу луѓе во тимот кои знаеја за количината на информации кои се споделуваат од Ферари. Не е фер начинот на кој Фернандо беше обвинет за нешто што ја сметам дека тој не го направил. Тоа беше точка на развод, бидејќи тој изгледаше како некој кој му наштетил на Мекларен.

Де ла Роса додаде дека целата ситуација сеуште не им дава сон на некои луѓе и инсистира дека секоја информација не влијаела над развојот на Мекларен.

Некои ноќи сеуште се будам со ладна пот бидејќи сеуште не разбирам зошто бевме казнети 100 милиони. Имаше теорија дека развиваме идентично со Ферари или дека сме се обиделе да дојдеме до информации од Ферари. Тоа не е точно. Ние бевме тркачки тим кој како и со секој конкурент, се обидува да стигне до информации, нешто што сите во Формула 1 го прават.

Информациите кои ги имавме за Ферари беа нормални информации, само преку разговор преку инженерите. Дали променивме нешто во нашиот развој, нашата тест програма? Не, ништо. Не ги искористивме информациите – вели Де ла Роса.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ