Алонсо останува верен на Мекларен, ќе се трка за нив на Инди 500

Фернандо Алонсо ја обнови соработката со Мекларен откако двете страни птоврдија дека тој ќе вози папаја портокалов болид на овогодишното Инди 500, поточно ќе се трка за Ероу Мекларен СП тимот.

Првичниот план на Нандо беше да се трка а Андрети Аутоспорт, но Хонда стави вето на таквата одлука поради лошата соработка со шпанецот за време на Формула 1 периодот додека соработуваа. Сепак, можноста на Ероу Мекларен да вози со три болиди на претстојното Инди во Мај му даде можност на Фернандо да нападне за тројната круна, нешто што веќе подолго време “го брка“.

Болидот со број 66 на Нандо ќе биде спонзориран од Ruoff Mortgage, додека останатите два болиди на екипата возени од О’Вард и Аскју ќе бидат целосно во знакот на Шевролет.

додавањето на фернандо во тимот носи ниво на искуство и експертиза кое ќе им помогне на двајцата наши талентирани млади возачи. имаме брзи болиди за инди и убедени сме дека талентот ќе биде на чело, а нема само да се натпреварува. комбинацијата со моторите на шевролет и искуството на екипата ќе го направи нашето трио возачи најсилно на гридот – објави сем шмид, шефот на екипата.

На крајот на минатата година, Алонсо ја прекина соработката со Мекларен, иако и тогаш призна дека тие секогаш ќе имаат посебно место кај него.

јас сум тркач, а индијанаполис 500 е најдобрата трка во светот. ги обожавам неверојатните фанови кои го прават настанот толку посебен за нас фановите и поради нив посакав да се вратам повторно назад. имам огромна почит за трката и сите кои се тркаат поради што сакам повторно да се обидам да бидам најдобар.

секогаш е важно за мене да ги разгледам опциите за трката, а ероу мекалрен секогаш беа на врвот. имам посебен однос со мекларен, минавме низ многу работи заедно и поради тоа се зближивме и станавме лојални едни со други.

импресиониран сум како организацијата и операцијата се разви со силното партнерство на шевролет. екипата има искуство, одлично квалификуван персонал и големи ресурси така што сигурен сум дека ќе бидеме конкурентни. фокусиран сум да почнам со подготовките, а ќе биде одлично да се работи со двајцата талентирани млади возачи кои раснат со екипата – најави алонсо.

Своето задоволство не го криеше нити Зек Браун, главниот на Мекларен, инаку голем обожавател на Алонсо.

секогаш сме велеле дека немаме ништо против трет болид на инди со алонсо во него така што воодушевени сме што ќе го оствариме тоа. фернандо е еден од најголемите тркачи во спортот и фантастично е што ќе биде дел од нашата екипа. ќе биде одличен начин за првиот индијанаполис 500 за ероу мекларен сп.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ