Алонсо планира многу трки за 2019

Фернандо Алонсо ветува многу повеќе трки на својот календар за 2019 година откако ќе замине од Формула 1, а неколку од нив ќе бидат “легендарни“.

Двократниот шампион сака да го прошири своето учество покрај неговите моментални должности откако ќе замине од Формула 1, што официјално се нарекува “одмор“ од врвот на моторспортот.

Тој моментално треба да учествува на останатите трки од Светското Првенство на Издржливост со Тојота, на Себринг, Спа, како и 24 Часа Ле Ман во 2019 година, како и враќањето на Инди 500 со сопствена екипа на Мекларен.

Ќе учествувам на многу, знаете, чекор по чекор. Инди ќе биде прва. Покрај трите трки во ВЕЦ, мислам дека имам и четири теста во таа серија.

Ако ги додадете три тркачки викенди, тоа се веќе седум, до Јуни, плус тестовите за ИндиКар и двете недели на Инди 500. Ако го погледнете календарот до Јуни, постојат само 2 или 3 слободни викенди. Иако не звучи како многу трки, тоа се многу подготовки – изјави Алонсо.

На последната трка од ВЕЦ во Шангај, каде заврши на второ место, Алонсо одби да коментира на кои настани ќе учествува. Сепак, тој посочи дека е подготвен да се врати на трката 24 Часа Дејтона во Јануари.

Постојат неколку легендарни трки, кои најверојатно ќе ги додадам на календарот.

Дејтона е многу атрактивна, во средина на Јануари со убаво време на Флорида. Самата трка е голем предизвик, а начинот на кој се трката во Америка, со сите безбедносни возила, одржувајќи ги сите блиску, е многу забавно.

Кога престанав со Формула 1, тоа беше поради повеќе време во приватниот живот. Посветив 20 години на моторспортот.

Имам потреба да ги наполнам батериите малку, но во 2020 година би можел да учествувам цела сезона во ИндиКар, цела сезона во Формула 1 или цела сезона во друга серија – додаде Фернандо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ