Алонсо презадоволен од неверојатниот резултат на Ле Ман

Фернандо Алонсо беше видливо емотивен и расположен откако успеа да победи на престижната 24 часа Ле Ман откако се увери од гаражата на Тојота дека Казуки Накаџима прв ја мина целната линија.

Беше неверојатно. Знаевме колку е битна историската Ле Ман во светот на моторспортот и како екипа постигнавме неверојатен резултат. Секој момент беше потсетување на тоа колку се тешки и долги овие трки и дека се може да се случи така што се обидовме да останеме ладни и мирни – започна Алонсо.

Ова беше прва победа на јапонците откако лани во последниот круг имаа дефект по што Порше им ја “украде“ победата, така што тимот до последен момет беше под притисок. На крајот на трката единствена конкуренција на број 8 возилото на Алонсо, Накаџима и Буеми беше “сестринската“ Тојота со број 7 која заврши на второ место со два круга заостаток.

Тешко, конкурентно, но фер и многу рпотски. Сакавме еден два победа и пресреќни сме што стигнавме до истата.

Победата значи дека на Нандо му недостасува само победан на Индианаполис 500 за да стигне до остварувањето на Грахам Хил и “тројната круна“ на моторспортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ