Алонсо сака нова шанса против Хамилтон

Фернандо Алонсо се смета за еден од најдобрите возачи кои се натпреварувале во Формула 1, а многумина го очекуваат неговото враќање, а шпанецот признава дека би сакал шанса да се бори повторно со Луис Хамилтон.

Алонсо си замина од Формула 1 на крајот на 2018 година по тешки 4 сезони поминати со Мекларен. Преку учество во други тркачки серии, Алонсо стана двократен победник на 24 Часа Ле Ман, шампион во светското првенство на издржливост, учествуваше два пати на Инди 500, а скоро учествуваше и на Дакар релито.

Шпанецот, кој ја прекина соработката со Мекларен е слободен агент и ги разгледува опциите за 2021 година и новите правила како моожност да се бори против Хамилтон на еднакво ниво.

Ако ја рагледате сезоната на Луис, секогаш има повторлив тренд. Тој започнува полека и никој не го користи тоа. Сите се возбудуваме дека ќе биде сезона на Ботас, но не е. Би било добро да се борам повторно против него. Можеби неговите слаби перформанси не се реални и се е калкулирано, но би било добро да се дознае. Кога имате добар пакет, а другите возачи имаат откажувања, ја зголемувате предноста и се изгледа смирено.

Ако сте само 1 поен позади или 10 поени позади, стресот е поинаков. Грешките се поинакви и комуникацијата преку радиото е поинаква. Треба да го видиме него кога има вистински притисок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ