Алонсо: Хамилтон може да го победи Ботас 100 пати на 100 трки

Шпанецот Фернандо Алонсо смета дека Луис Хамилтон во моментов е најдобар возач на гридот.

Како негов поранешен колега, Нандо смета дека Луис може да го победи Ботас 100 пати на 100 трки со еднаков болид.

видовме дека валтери е блиску до луис на неколку трки и 2-3 пати годишно победува, а патем озвојува и по некоја пол позиција, но свесни сме дека ботас може да загуби 100 пати од 100 трки од хамилтон.

луис е фантастичен и 7 титули не се освојуваат само со среќа и со најдобар болид, треба да имате нешто посебно, нешто што тој го има. луис вади се од себе секој викенд, има огромен талент и тоа е добро за спортот – смета алонсо.

Ботас победи на Руското Гранд При откако Хамилтон доби казна од 10 секунди за несоодветно вежбање на стартната процедура пред почетокот на трката.

луис е свесен деа ако е во друг болид нема да има можност да победува, двајцата знаеме дека машината е многу важна. тој беше колега со џенсон батон во мекларен и беше колега со нико розберг во мерцедес, а тие години не победуваше, поради што е јасно дека пакетот е многу важен.

ги разбирам фановите дека го сакаат најдобриот возач, но формула 1 е многу тежок спорт затоа што сите болиди се различни и треба да се бара најдобриот пакет – заврши шпанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ