Алонсо ја напушта Тојота, Хартли на негово место

Фернандо Алонсо нема да го продолжи својот престој во Тојота во ВЕЦ серијата на издржливост за тркачката 2019/20 сезона, но ќе остане во контакт со автомобилскиот гигант во врска со пробување на други тркачки серии.

Неговото место во ЛМП1 класата од ВЕЦ серијата ќе го превземе поранешниот фабрички ЛМП1 возач на Порше и Формула 1 тркач, Брендон Хартли.

уживав да бидам дел од тојота газу рејсинг во вец, но тоа е веќе готово за мене.

победата на ланскиот ле ман е еден од најдобрите моменти во мојата кариера како дел од мојот предизвик да стигнам до тројната кругна и секогаш ќе се сеќавам на таа победа постигната како тим лани.

сега е одлично време да се превземат нови предизвици, а тојота газу рејсинг ми понуда одлично можности – објасни алонсо.

Сеуште не е познато во која тркачка серија ќе го видиме Алонсо, но 37-годишниот возач годинава тестираше Дакар возило на компанијата во Јужна Африка.

До крајот на оваа тркачка 2018/19 сезона во ВЕЦ серијата, шпанецот пред себе има уште една трка со своите колеги Себастиен Буеми и Казуки Накаџима, а тоа е 6 часа Спа, трка која е на програмата следниот викенд.

На крајот на месецов тој ќе има втора шанса да победи на легендарниот Индијанаполис 500 возејќи за Мекларен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ