Алпин и БВТ официјално се здружија

Алпин и официјално потврдија дека БВТ ќе биде нивни нов главен спонзор, така што бојата на димот од доминантно сина ќе стане сино-розева, секако во боите на австриската компанија.

Многу се зборува за почеток на соработка помеѓу БВТ и Алпин во последно време откако “розевите“ ја прекинаа соработката со Атон Мартин по крајот на минатата сезона. Францускиот фабрички тим официјално ќе се вика БТ Алпин Ф1 тим.

Стратешкото долгорочно партнерство помеѓу БВТ и Алпин ќе носи порака на одржливост низ светот со користење на глобална платфома каква што е Формула 1 и автомобилската индустрија.

БВТ, скратеница од Best Water Technology, е една од најголемите компании која се занимава со системи за третман на вода низ светот, а во Формула 1 силно присутна уште од времето на Форс Индија. Компанијата беше главен спонзор на тимот од Силверстон во 2020 година при нивното преименување во Рејсинг Поинт, а и за времето како Астон Мартин беа присутни.

Освен БВТ од Астон, се чини дека Алпин се блиску за тимски шеф да го земат и поранешниот шеф на Астон Мартин, Отмар Шафнауер.

возбудни сме што можеме да објавиме дека бвт ќе биде партнер на алпин тимот следните години. алпин и бвт имаат агенди за одржливост и се целосно посветени во елиминирање на еднкратна амбалажа од пластика, така што сме задоволни што заедно ќе убедиме многу луѓе низ светот во нашата цел за намалување на отпадот.

ќе ја искористиме нашата платформа во формула 1 и ќе го поддржиме бвт во нивната борба против нееднакват адистрибуција на чиста, безбедна и здрава вода за пиење – изјави седрик јурнел, подпретседател за продажба и маркетинг на алпин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ