Алпин насочени кон залихa на делови во пресрет на Баку

Отмар Шафнауер, тимскиот шеф на фабричкиот Алпин тим, посочи дека екипата ќе ја искористи четиринеделната пауза до трката во Баку за да направи залиха на делови.

Естебан Окон и Пјер Гасли се судрија еден со друг при вториот рестарт на Австралиското Гранд При, тимот не освои поени, а се направи значителна штета.

Поради тоа што Кинеското Гранд При 4та година отсуствува од календарот поради пандемијата, празниот простор помеѓу Мелбурн и Баку не се пополни и има цели четири недели без трка.

паузата не беше планирана, но е добредојдена за да направиме доволн залихи на делови за болидите како и да го подготвиме планираните новини за трките кои следуваат. многу туд се вложува во правење на доволно залихи на делови за да се осигураме дека ќе можеме силно да притиснеме кон напред.

исто така овааа пауза ни дозволува да планираме уште новини низ симулаците и знаејќи дека имаме 4 недели брз трка, планирањето е поинакво и тоа помага – вели шафнауер.

Американецот ја истекна потребата од имање на доволно резервни делови за следната трка во Баку, каде патем ќе биде и првиот спринт од сезоната.

постои поголем ризик затоа што се работи за улична трка каде оградата е многу блиску. како што реков, убаво е што имаме подолга пауза за да произведеме резервни делови и да се подготвиме за спринтот и трката во баку. се надевам дека ќе бидеме во ред и нема да имаме проблем во мајами потоа.

Најголемиот конкурент на Алпин, тимот на Мекларен, имаше лош почеток на сезоната, а од поодамна најавија дека ќе донесат пакет новини во Баку. Сепак, Шафнауер е убеден дека тие ќе си ја задржат предноста.

и ние имаме новини за баку, а доста повеќе новини пристигнуваат една недела подоцна во мајами, така што продолжуваме да притискаме по напредок. важно е сите нови делови да работат соодветно кога ќе ги пробаме на патеката и да додадат перформанси како што покажале симулациите.

имавме одлична корелација лани и ако тоа продолжи, ќе притиснеме силно со новите делови и очекувам добро да се развиеме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ