Алпин незагрижени од “тимскиот судар“ во Мелбурн

Големата награда на Австралија заврши катастрофално за Алпин, Пјер Гасли и Естебан Окон имаа контакт при претпоследниот рестарт што резултираше со незавршена трка за тимот, но тимскиот шеф, Отмар Шафнауер, демантира дека тоа ќе влијае врз финансиите на екипата.

од гледна точка на буџетот, мислам дека ќе биде во ред од се што до сега знам. сударот нема да остави последици, нема да чини многу, веројатно ќе има трошоци и подобро да не се случеше – објасни отмар.

Во однос на тоа дали сударот ќе остави последици врз подготовката за претсојното Азербејџанско Гранд При, Шафнауер посочи дека сите во тимот напорно работеле за се да мине во најдоар ред.

не верувам дека ќе има некакви последици во однос на подготовката за делови за претојната трка, рано е да се каже, но ќе направиме се што можеме за да донесеме доволно резервни делови во азербејџан каде ќе имаме и новини.

По Австралиското Гранд При, голем дел од тимските шефови изразија загриженост за рестартовите на трките кои сметаат дека се преголем ризик.

рестартот или стартот на гранд при трката е еден од највозбудливите делови на трката. многу работи може многу брзо да се променат и сме имале многу стартови кои не биле ризични затоа што се внимава и возачите се одлични.

сум видел стартови при дожд кои исто така добро поминале, така што тоа е возбудлив дел од трката, но ние екипите сме тие шро правиме проблеми на рестартот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ