Алпин отворени за соработка со нови тимови

Марсин Будковски изјави дека Алпин сакаат да соработуваат со нови Формула 1 тимови и веќе имале некои разговори. 

Хаас се последниот тим кој се приклучи на спортот во 2016 година, но тркачката серија превзема мерки за да се донесат уште нови тимови во споротот. Будковски изјави дека Алпин веќе разговарале со некои заинтересирани страни.

Има луѓе кои се заинтересирани за спортот. Има доста заинтересирани за влез во Формула 1 бидејќи спортот е познат и со новите услови ќе биде попристапен за нови тимови. Веќе иамвме разговори – откри извршниот шеф на тимот.

Будковски изјави дека не е лесно да се натпреваруваш, а уште потешко е да почнеш тим од ново, но сепак Алпин би дале целосна подршка на нов тим. 

Доколку има добар проект со добри финансии мислам дека може да им помогнеме во однос на мотор. Не е лесно да се стартува Формула 1 тим од ново. Бара огромна работа и одговорност. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ