Алпин потврдија дека разговарале со Рикардо за 2023

Шефот на Алпин, Отмар Шафнауер, потврди дека разговарал со Даниел Рикардо за возачко место во фабричката екипа за 2023 година.

Минатиот Август, Рикардо објави дека ќе го напушти Мекларен по две тешки години со тимот. Се погласни беа шпекулациите за неговата иднина пред да стане сè поверојатно дека тој воопшто нема да биде на гридот во 2023 година. На крајот, тој одбра да се врати во Ред Бул во улога на трет возач, помагајќи му на тимот во развојот на болидот и извршувањето на маркетинг должности.

Во меѓувремем се појави слободно работно место во Алпин кога Фернандо Алонсо одлучи да замине за Астон Мартин, а Пјер Гасли на крајот ја пополни празнината. Но, Шафнауер откри дека разговарале со Рикардо за враќање во тимот, откако австралиецот се тркаше за нив под брендот на Рено во 2019 и 2020 година.

Имавме разговори со Даниел и завршивме со Пјер, кога тој стана достапен – рече Шафнауер.

Тој потпиша со Ред Бул, но мислам дека тој е фантастичен тркачки возач, тој е сè уште млад и не би бил изненаден ако се врати на трките во иднина.

Познато е дека Рикардо имал разговори со Хаас, кои го отпуштија Мик Шумахер на крајот на 2022 година во корист на Нико Хулкенберг, поранешен тимски колега на Рикардо. Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека не е исклучено да ги оживее разговорите со 33-годишникот подоцна оваа година.

Малку е рано да се зборува за промена на возачот веќе следната година, па да видиме како работиме со овие возачи – рече Стаинер.

Сигурно, во одреден момент, можеби ќе разговарам со него, но не можам да ветам ништо, затоа што ако нашите двајца момци завршат добра работа, мислам дека ќе продолжиме со нив.

Сите ќе сакаат да разговараат со Даниел. По една година одмор, можеби тој повторно знае што сака да прави и ќе биде интересен за сите во Ф1.

Имам нов возач оваа година, кој има само две трки извозено за тимот, па треба да му дадам шанса.

Рикардо се врати во падокот овој викенд за прв пат откако го напушти Мекларен на крајот од 2022 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ