Алпин се соочува со казна за издувниот систем

Алпин може да се соочат со грид казна во вториот дел од сезоната откако стигнаа до лимитот за алокација на издувни системи. 

Тимовите смеат да користат осум издувни системи во текот на една сезона пред да се соочат со грид казни. Алпин потроши седум кај Окон и пет кај Алонсо во досегашниот тек на сезоната. 

Имавме проблем на почетокот и моравме да поминуваме малку километри за да не ни откажат во текот на трката. поради тоа, Сега сме во ризична ситуација. мислам дека проблемот е решен со моменталната спецификација – велат од францускиот фабрички тим.

Алпин се надева дека ќе може да ги користи старите системи само доколку внимателно се однесувале со нив. 

Мора да ги манеџираме системите. Имаме одреден број на издуви по болид и мора да ги менаџираме. Се обидуваме да ги менуваме меѓу тренинзи, квалификации и трки за да искористиме што повеќе.

Се надевам дека нема да добиеме казна оваа сезона, Но очигледно ќе треба да искористиме уште неколку системи и ќе бидеме изложени на ризик – појасни будковски. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ