Алпин со нов под во Баку

Алпин ќе ја почне серијата подобрувања на својот болид претсојниот викенд во Баку со воведување на нов под на А523 пакетот.

Француската фабричка екипа ги освои сите поени на првите две трки, во Австралија имаа меѓусебен судар на Гасли и Окон и не завршија трка. Отмар Шафнауер не беше загрижен за финансиите по сударот во Мелбурн и посочи дека производството на резервни делови и новини се одвива најнормално.

носиме нов под во баку заедно со уште некои аеродинамички и механички подобрувања. имаме дополнителен развој и за трката во мајами, а и на имола потоа. констаниот напредок ќе продолжи во текот на сезоната и речиси на секоја трка ќе имаме нови делови – најави шефот шафнауер.

Се очекува новите компоненти да донесат добар напредок над тимот.

на кус рок, она што ќе го донесеме во баку, мајами и имола е разумен чекор иако нема да биде толку големо како што некои медиуми најавуваат. важно е да се задржи агресивниот развој и да продолжиме да се движиме напред кон перформансите кои ги очекуваме.

мора да им дадеме поддршка на сите што работат во позадина во вири и енстон за да најдат подобрувања и да го направат болдот побрз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ