Алпин убедени дека со подобрувањата ќе се борат со Мерцедес

Францускиот фабрички тим, Алпин, имаше тешко Австралиско Гранд При, но тимскиот шеф, Отмар Шафнауер, верува дека со новиниет и развојот кој следуваат ќе може да се борат против Мерцедес.

Запрашан дали “сребрените стрели“ се многу пред нив на трка, тој одговори:

не, мислиме дека можеме да се бориме против нив. имаме добри новини за баку, а една недела подоцна за мајами исто така имаме подготвено нови делови, така што не престануваме да притискаме. важно е сите работи кои ќе ги ставиме на болидот да работат и да имаме добра корелација со симулациите.

корелацијата ни беше силна страна и минатата година, така што продолжуваме да притискаме во исти стил и да се бориме со конкуренцијата преку развој до крајот на годината – посочи американецот.

Отмар смета дека можат одлично да го доразвијат болидот како што одминуваат трките затоа што тоа го направиле и преходно, но признава дека не може да знае како ќе се развива конкуренцијата.

нашата стапка на развој ќе биде највисока можна, но не можеме да знаеме што ќе донесе мерцедес. лани нашиот развој беше одличен и ако го одржиме тоа ниво и годинава, мислам дека ќе им се доближиме.

тешко е да се знае што работи конкуренцијата, перформансите се релативна работа, знам што ние имаме, но не и што другите имаат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ