АлфаТаури бараат Тсунода да прекине со викање и пцовки

Јуки Тсунода ќе се обиде да се наметне како возач број еден во АлфаТаури оваа сезона по заминувањето на Пјер Гасли.

Кога беше промовиран во Формула 1 во 2021 година од АлфаТаури, Јуки Тсунода првично се бореше да се прилагоди на животот во врвот на мотоспортот. Јапонскиот возач направи низа грешки на почетокот на својата Ф1 кариера како резултат на надминување на границите и често можеше да се слушне како вика и користи пцовки преку тимското радио. АлфаТаури избра да го пресели својот возач од Милтон Кинс во Италија, одлука поради која перформансите на Тсунода се подобрија драстично.

Пјер Гасли имаше силна соработка со Тсунода за време на нивните две заеднички сезони и по преселбата на французинот во Алпин, Тсунода ќе се обиде да се етаблира како лидер на тимот АлфаТаури.

Тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост, сега на Тсунода му пренел дека треба да прекине со викање преку тимското радио, повикувајќи го да се концентрира на возењето.

Јуки влезе во Формула 1, тој беше многу млад и ако нешто не функционираше како што очекуваше, тогаш ги покажуваше своите емоции, Но не е само Јуки, туку и другите возачи – вели Тост.

Му реков дека тоа не е добро, Не затоа што излегувате со емоции, туку ви ја одзема концентрацијата и енергија за време на возењето. Тој треба да биде повеќе фокусиран на возењето на болидот наместо да вика наоколу на радио. Затоа што тоа никому не му помага.

Можете по трката да кажете дали нешто тргнало наопаку, но штом се случи во болидот, тогаш веќе се случило. Готово, минато време е. Затоа, бидете фокусирани на она што се случува. Тоа е многу поважно.

Се надевам дека ќе го сфати ова, бидејќи тоа ја одзема концентрацијата. Тоа одзема можност да напредува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ