АлфаТаури добија казна за инцидентот со Тсунода

Тимот на АлфаТаури доби казна по сударот на Јуки Тсунода во Баку на спринтот.

Екипата доби казна бидејќи го пуштиле Јуки Тсунода со небезбеден болид на трката. Тој се удри во ѕидот и го оштети болидот, но успеа да се врати во боксот и му беше променет предното крило и гуми и беше вратен на патеката. Сепак, болидот се движење нецентрирано и мораше да се откаже од трката.

Поради ова стујардите одлучија дека болидот не бил безбеден откако бил вратен на трката и тимот доби казна од 5.000 евра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ