АлфаТаури сакаат да го заборават Силверстон

Пјер Гасли и Јуки Тсунода одат напред по нивниот меѓусебен судар во Британија и сакаат што поскоро да заборават на трката на Силверстон. 

На почетокот на трката, Тсунода сакаше да го престаса својот колега во третиот свиок, но загуби контрола и се изврте при што го “собра“ и Гасли.  Јапонецот се извини за инцидентот и доби казна од пет секунди и два казнени поени на неговата суперлиценца. 

Од наша перспектива, се беше во ред на квалификациите и стартував добро на трката, но пропуштив шанса. Колеги никогаш не треба да се удрат и мислам дека треба да го заборавиме ова и да продолжиме напред во Австрија – изјави Гасли. 

Тсунода се надоврза на Гасли. 

Не можев да направам ништо повеќе за да не се удриме и го скршив предното крило. Дискутиравме и одиме напред. 

Наредниот викенд Формула 1 се сели на Спилберг која е домашна трка на Ред Бул во чија сопственост е АлфаТаури, а Тсунода се фокусира на предизвикувачкиот викенд за него. 

ФОкусирани сме да надоместиме по разочарувањето на Силверстон. Уживав минатата година и успеав да освојам поен. Кругот е многу брз, а мислам дека големите брзини не ни одговараат. Перформансите ни се различни на секоја патека и не знаеме што да очекуваме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ