Алфа решиле две клучни слабости од лани

Според изјавите на возачие на Алфа Ромео, со новиот болид тимот веќе решил две клучни слабости кои ги имал ланскиот пакет на екипата.

Швајцарците имаа охрабрувачки ден со својот Ц43 во Бахреин на предсезонскиот тест и возеа без проблеми, а по крајот на тестот изјавија дека се задоволни од решените проблеми.

Освен општото аеродинамички подобрување, возачите се задоволни поради издржливоса и немањето дефекти како и стабилноста на задниот дел што беше голем проблем во текот на ланската сезона.

дефинитивно задниот дел од болидот стана многу постабилен особено низ летечките кривини што е одличо. сеуште ни треба оптимизација на балансот особено во бавни делови каде се мачиме и ги закочуваме предните тркала, но тоа е решлив проблем – објасни ботас.

Жу исто така посочи дека подобрување на задниот дел од болидот било приоритет за дизајнерите и инженерите во текот на зимата.

тоа беше наша главна цел, се обидовме да го решиме во вториот дел од сезоната, но како што го подобрувавме, губевме перформанси поради компромиси. годинава се обидовме да ги вратиме тие пеформанси од самиот почеток на трките.

високите брзини беа наша слабост лани, така што се обидовме да го подобриме тоа и изгледаме добро.

Дополнително задоволство придонело и тоа што беа комплетирани 138 кругови без никаков проблем, целосна спротивност од ланскиот тест пред сезоната кога не успеваа да минат повеќе од 100 кругови дневно, а првиот ден комплетираа очајни 32 обиколки.

најголемата позитивна работа е што немавме никаков проблем што е целосна спротивност од лани, така што бареммммммм почаве во вистинсска насока и комплетиравме добра километража што е многу важно.

идентификувани беа главните проблеми на ланската шасија, некои концепти беа променети како на пример ладењето кое беше проблематично. уште првиот ден покажавме дека можеме да возиме без никакви проблеми што е одлично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ