Алфа Ромео ќе продолжат да го притискаат Вилијамс

Алфа Ромео ја намали разликата во однос на Вилијамс по Големата награда на Русија, но сеуште се надеваат дека ќе ги стигнат британците во борбата за 8ма позиција до крајот на годината. 

Од трката во Унгарија, Вилијамс освои 23 поени, а Расел освои поени на четири од пет трки. Со тоа Вилијамс е 16 поени пред Алфа Ромео кои доста заостануваат и последни поени им беа сега во Сочи со одличното возење на Кими Раиконен.

Хави Пухолар, кој е одговорен за перфоманси во Алфа Ромео, изјави дека нема да биде лесно да ги стигнат Вилијамс, но дека ќе биде можно.

Разликата во поени не е голема и сеуште има доста трки за да го направиме тоа. 

На седум трки до крајот, Вилијамс очигледно доста напредуваа, но Пухолар не се предава. 

Ќе продолжиме да форсираме, Даваме од себе се на секоја трка и ќе продолжиме да се бориме до крајот. Во моментов работиме со целосна посветеност и фокус да бидеме најдобри што можеме. 

Иако не можеа да се претстават во вистинско светло во Русија поради дождот, Алфа Ромео е охрабрена од резултатот на Раиконен во неговата последна сезона пред пензија. 

Дејв Робсон од Вилијамс смета дека имаат шанса да прават подобри стратегии поради разликата во поени со Алфа Ромео. 

Има мала вистина во тоа. Имаме слобода, Но мислам дека треба да веруваме во одлуките што ги носиме и да го смениме пристапот. Мислам дека сме во подобра ситуација кога ги контролираме работите на трка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ