Алфа ја жртвувале трката за да го задржат Астон

Алфа Ромео на трката во Абу Даби имале за цел да му го отежнат животот на Астон Мартин бидејќи двата тима се бореа за шестата позиција кај конструкторите. 

Иако не можеа да им парираат на Астон Мартин на последните трки, тие се одлучија да ги жртвуваат своите резултати за да го задржат британскиот тим на пониска позиција што чини околу 10-12 милиони долари од наградниот фонд. 

Строл влезе прв да менува, додека кинезот Жу беше искористен за андеркат на Фетел, така што Ботас мораше да вози долго на хард гуми за да остане пред Строл до времето кога тој застана по втор пат.

Финецот објасни дека морал да има долга серија на најиздржливата гума за да ги спречи зелените болиди да напредуваат. 

Денеска немав брзина, мојата стратегија беше одбранбена и бев доста добар на крајот на прбата серија.

Бевме блиску во поени и мило ми е што успеавме да останеме напред. Стратегијата беше да ги чекаме Астон и да им ја искомплицираме трката – откри ботас. 

Жу објасни дека застанувањата на тимот биле одлично испланирани да останат пред Астон Мартин. 

Мислам дека во текот на целата трка бевме со размислување ако не може да ги победиме на патека да ги жртвуваме позициите и да ги пуштиме Мекларен и Алпин. Така и се случи.

Застанавме порано со понови гуми за да им направиме андеркат на Себ и Ленс и да ги задржиме што е можно подолго. Мислам дека го постигнавме зацртаното.

Задоволни сме како екипа. На крајот имавме мала разлика во поени и тоа е најважно што останавме напред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ