Алфа ќе носат почесто новини годинава

Алфа Ромео целат почесто да носат нови делови кои пбрзо би ги произведувале за да избегнат пад во перформанси како што им се случи на средина од минатата година.

По тешката 2021 година во која освоија само 13 поен, тимот од Хинвил имаше импресивен старт откако го доведоа Валтери Ботас од Мерцедес. Предноста на почетокот од сезоната беше фактот што беа најлесен болид на гридот, така што освоија 51 поен по првите 9 трки, но од Британското Гранд При во Јули па до крајот на сезоната, стигнаа само до 4 бодови, најмалку од било која екипа.

Главниот инженер на патека во тимот, Чеви Пухолар, смета дека промените во формата по летната пауза се случиле поради тоа што конкурентите ја намалиле тежината на своите болиди.

веројатно колку бевме поблиску до летната пауза, развојот кај конкурентите беше поголем од нашиот. мислам дека развојот беше отприлика исти, но ние не ги произведувавме деловите толку брзо и на нашиот болид подоцна притиснуваа.

секако дека цел за претсојната сезона е да го забрзам развојот и производството и да носиме делови исто како и конкурентите. ако успеавме порано да ги донесеме новините лани, сигурно ќе имавме повеќе поени во шампионатот – појасни пухолар.

По борбата со Астон до последниот круг од последната трка, Алфа успеа да го одбрани своето 6то место во поредокот, имаа исто поени со “зелените“, но благодрение на 5то место на Валтери од Имола, официјално се 6ти. Кон крајот на сезоната, кај нив стигнаа и нови деови, перформансите се вратија, а Мексиканското Гранд При и квалификациите на Валтери на 6то место беа доказ за тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ