Америка, Возач на денот: Себастијан Фетел

Втора трка по ред и втор пат многу заслужено, Себастијан Фетел е прогласен за возач на денот од страна на фановите, овој пат на Американското Гранд При во Тексас.

Германецот добро стартуваше, а по втората промена на гуми која ја иницираше Луис Хамилтон, добри 10-тина кругови ја предводеше трката и беше на прагот на фантастичен резултат.

Кога дојде редот тој да промени гуми, механичарите направија грешка со предното лево тркало кое се заглави и му загубија премногу време враќајќи го на опашката. Но, тој не се откажа, напредуваше и круг предкрајот додје до 9то место кое му носи два поени. Сепак, последниот сектор од последниот круг го мина во жестока борба против Кевин Магнусен, трка до целната лнија која ја доби и со 8мо место доби признание од фановите.

СИНГАПУР, ВОЗАЧ НА ДЕНОТ: СЕРХИО ПЕРЕЗ

ЈАПОНИЈА, ВОЗАЧ НА ДЕНОТ: СЕБАСТИЈАН ФЕТЕЛ

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ