Андрети Кадилак вложуваат сè за влез во 2025

Американскиот тим чека потврда за влез во Ф1 по долгиот процес на евалуација на нивната кандидатура.

Извршниот директор за натпреварување на Џенерал Моторс Моторспортс, Ерик Ворен, откри дека компанијата напорно работи со Андрети за дизајнирање на Ф1 болидот пред нивниот надежен влез во спортот во 2025 година.

Андрети Глобал ја објави својата понуда за влез минатата година, но наиде на пречки од сегашните тимови на Ф1 гридот поради недостигот на додадена вредност во спортот.

Во Јануари беше објавен договор за партнерство со Џенерал Моторс, при што Кадилак се приклучи како бренд за да додаде вредност на понудата.

ФИА отвори процес за изразување интерес набргу откако беше објавено партнерството на Андрети Кадилак и беше откриено дека повеќе од пет тимови се кандидирале за влез од страна на претседателот Мохамед Бен Сулајем, а конечната одлука се очекува на крајот на Јули.

Но, и покрај тоа што сè уште нема потврда за потенцијалниот влез во Формула 1, американската екипа напорно се подготвува за својата шанса.

Вложуваме многу напор додека поминуваме низ процесот, а напорниот дел е што се обидуваме да се тркаме во сезоната во 2025, така што напорно со Андрети го дизајнираме болидот за 2025 година – изјави Ворен.

Работевме на тоа бидејќи времето изминува.

Веројатно беше изненадувачки за оние кои ја прочитаа апликацијата колку навистина е вклучен ЏМ, каде ја раздвојуваме динамиката на возилото и како го правиме тоа денес наспроти како ќе го правиме тоа додека тимот созрева.

Значи, ние штотуку одговоривме на прашањата што ги има ФИА и тие треба да донесат одлука на 15 Јули. Така, ние навистина даваме се од себе во процесот и водиме дискусии каде што можеме.

Новите регулативи за енергетските единици поставени за воведување во 2026 година ќе доведат до конкуренција меѓу шест оригинални производители, а Ауди и Хонда ќе им се придружат на Ферари, Алпин (Рено), Мерцедес и Ред Бул Форд.

За тоа зошто ЏМ одлучи дека е вистинско време за проект во Ф1, Ворен инсистира:

Од деловна гледна точка, гледате на растот на Ф1 и бројот на гледачи насочени кон спортот, а ние го градиме брендот Кадилак, така што тоа природно се совпаѓа.

Има многу спортисти или запознаени со спортот во нашиот одбор. Има познаење за Ф1.

Всушност бев возбуден затоа што не мислев дека ќе го видам тоа, но тоа се сведува на тајмингот и односот со тимот на Андрети Кадилак. Сè некако се совпадна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ