Андрети обвинува: Алчноста го блокира нашиот влез во Ф1

Мајкл Андрети обвинува дека отпорот на Формула 1 кон неговиот план за влез во спортот е само поради алчноста.

Американецот планира да стане дел од гридот со поддршка на Џенерал Моторс, поточно нивниот бренд Кадилак, но има многу слаба поддршка од моменталните екипи на гридот. Откако беше потврдена соработката со Кадилак, се појавија критики од екипите кои се сомневаа во реалната вклченост на Џенерал Моторс во плановите во Андрети, а секако дека најголем проблем на екипите е разводнувањето на приходот кој сам по себе ќе се случи со влез на нова екипа на гридот.

се е за пари. прво, сметаат дека ќе им се разводнат парите од награднот фонд кој сега се дели на 10 делови, а исто така, себично размислуаат дека ние ќе ги привлечеме сите америкаско спонзори кај нас. тоа е алчност и мислење само на себе, без да се види иднината, одржливоста и доброто на тркачката серија – посочи мајкл.

Андрети имаше проблем ида обезбеди поддршка и лани кога го немаше гигантот ГМ зад себе, така што сега се надева дека фактот што има поддршка од Кадилак, ќе му ја олесни работата, но се чини е е така.

не сум изненаден. во формула 1, сопствениците се грижат само за себе, а тоа секако дека не е најдобро за тркачката серија. тоа е разликата помеѓу позицијата на мохамед бен сулајем како претседател на фиа и сопствениците на екипите, саудиецот се грижи за иднината на спортот.

мохамед ја разбира целата работа, тој е тркач и знае што и треба на серијата, а тоа е уште 1-2 екипи. формула 1 е шампионат на фиа кои го контролираат во најголем дел.

Но, американецот посочи дека целата таа негативност околу енговиот обид да стане дел од гридот не го лути и не го тера да се откаже, туку напротив, го мотивира.

мора да останете фокусирани на работат и да не ги слушате глупостите. јас ја користам целата таа негативност како мотивација.

Андрети и Кадилак сеуште не откриваат ништо од своите планови за Формула 1, иако едниствео посочија дека имаат договор со производител на мотори кој во моментов е активен на гридот. Шпакулациите се дека Кадилак ќе помогне со технологија, знаење и персонал со цел да се подобри целиот процес. Но, со оглед на фактот што моторите се замрзнати до 2026 година, ривалит од гридот обвинуаат дека планот е Кадилак едноставн ода го ребрендира моторот кој претходно ќе го набави, иако Андрети демантира.

шпекулациите за рено се само шпекулации во моментов, а кадилак ќе биде силно вклучен во производство на самиот болид. ако стигеме да влеземе во спортот до 2025 година, нема да има нови мотори, така што ќе мораме да користиме некој постоечки.

но, во 2026 година ќе се случат убави работи со моторите и нема да биде едноставн ребрендирање на моторот затоа што кадилак ќе има свој придонес и своја интелектуална сопственост во моторот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ