Аргентинскиот Министер за спорт бара враќање на трката

Новиот Министер за спорт и туризам на Аргентина сака враќање на престижната Формула 1 трка во главниот град на државата, Буенос Аирес.

Матиас Ламенс, новиот Министер кој ги превзема должностит ево Декември, за аргентински Diario AS изјави:

сакаме да работиме кон враќање на Формула 1 во Аргентина за неколку години. ќе биде интересно како од спортска така и од туристичка гледна точка за цела земја.

Буенос Аирес последен пат беше дел од Формула 1 календарот во 1998 година на наменски изграден автодром, но истиот стануваше престар и немодернизиран, а финансиските проблеми донесоа откажување на трката во 1999 година.

Каменс потврди дека сака повторно да ја види Аргентина на календарот, но за тоа треба и приватен капитал.

инвестицијата е значително голема, но верувам дека можеме да работиме и да ја оствариме целта со приватни спонзори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ