На 79-годишна возраст почина Карлос Ројтеман

Карлос Ројтеман, вице-шампионот од тркачката сезона во 1981 година, почина на 79-годишна возраст откако беше хоспитализиран повеќе од еден месец.

Аргентинската моторспорт легенда имаше многу лоша здравствена состојба во последно време, а последните неколку денови беше на интензивна него во болницата во Санта Фе. Поранешниот Формула 1 возач во моментов е Сенатор на Аргентина, во болница последен пат беше хоспитализиран на 30 Мај, а на интензивна нега е од 21 Јуни. Во Мај тој мина 17 денови во болница, а проблемите беа поврзувани со операцијата од 2017 година која била направена во Америка на рак на внатрешните органи.

По Хуан Пабло Монтоја, Ројтеман е најуспешен аргентинец во Формула 1, а во своето 10-годишно тркање во врвната моторспорт тркачка серија возеше за Брабам, Ферари, Лотус и Вилијамс и победи 12 пати. Стигна и до 46 поени, 6 пол позиции, исто толку најбрзи кругови, 22 стартови од прв ред и 66 пласмани во поени во ера ког само првите шесторица беа нградувани со поени.

Во 1981 година додека се тркаше за Вилијамс ја загуби титулата од бразилецот Нелсон Пике за само еден поен, а во 1975, 1978 и 1980 година беше на 3то место во поредокот на крајот на годината додека возеше за Брабам, Ферари и Вилијамс соодветно.

По првите две трки во 1982 година, тој се повлече од спортот, а имаше и два стартови во ВРЦ и два пати стигна на подиум во рели шампионатот во родната Аргентина.

Два мандати беше Гувернер на родниот Санта Фе, а од 2003 година доби можност да се кандидира за Претседател на Аргентина, но ја одби понудата. Член беше на Сенатот на државата се до неговата смрт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ