Артур Леклер ќе вози во Формула 2 за ДАМС

Јуниорот на Ферари и брат на Шарл Леклер, Артур Леклер, ќе вози во Формула 2 со тимот на ДАМС следната тркачка сезона. 

По поминати две години во Формула 3 тој стигна до две победи во 2021 година и една минатата година со што заврши на шеста позиција во шампионатот. 

Возбуден сум што ќе напредувам во Формула 2. Тие се успешен тим кој постигнал добри резултати во минатото и се надевам ќе го продолжам нивниот успех – најави моначанецот.

Тој ќе го проба болидот на ДАМС во текот на тестот на Јас Марина. 

Оваа година тимот беше купен од французинот Шарл Пик откако синовите на основачот Жан Пол Дриот ја продадоа екипата по неговата смрт впо 2019 година. 

Шарл Пик направи извонредна работа што го задржа тимот на победничките патеки и цели да продолжи така и во иднина. Имаме доста работа до почетокот на новата сезона во март и се надевам дека добро ќе поминам на тестот во Абу Даби.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ