Астон Мартин со пофалби за Хулкенберг

По неколкуте одработени трки за Астон Мартин лани, Нико Хулкенберг доби постојано тркачко место во Хаас сезонава.

Одговорниот за перформанси во тимот од Силверстон, Том Мекулох, посочи дека германецот има природен талент што е негова најсилна страна. Откако не доби продолжување на договорот со Рено во 2019 година, тој мина во Рејсин Поинт, подоцна Астон Мартин, како резерва следните две години и менуаше возачи позитивни на корона вирусот.

тој беше буквално фрлен во нашиот болид во моменти кога се мачевме да разбереме што не е во ред со пакетот. се појави во бахреин и почна од саботниот утрински тренинг, немаше време, но се снајде.

многу е талентиран, природно е надарен, ставете го на квалификации или на трки и кажете му да извлече максимум од болидот, одличен е во тоа, таков е што и да му дадете да вози.

нико е класа, огромен талент, има големо искуство и тоа му помага да се појави, да влезе во болидот и веднаш да се прилагоди – посочи мекулох.

Запрашан која е најголема сила на германецот како возач, инженерот ја посочи контролата над болидот.

едно нешто што секогаш знае да го прави е да вози многу брзо на самиот лимит на задниот дел, природно му доаѓа да го контролира болидот. без оглед дали е мокро, дали грипот е слаби, тој секогаш знае како да биде најбрз. низ годините, научи како да ги владее со гумите на пирели што мислам дека му беше проблем на почетокот.

едноставно, тој е возач кој сака да вози многу брзо. половина од времето го минувате сакајќи да го забавите, но што ги научи гумите, тогаш владее.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ