Астон Мартин во одбрана на настапот на Строл во Канада

И покрај тоа што заврши на деветтото место додека тимскиот колега Фернандо Алонсо повторно се искачи на подиумот, Ленс Строл имал добро Гранд При во Канада, според тимскиот шеф Мајк Крак.

Крак го поздрави настапот на Ленс Строл на трката за Голема Награда на Канада, и покрај тоа што 24 годишниот возач заврши далеку зад тимскиот колега Фернандо Алонсо.

По осум трки од светскиот шампионат во Ф1 во 2023 година, Строл има само 37 поени наспроти 117 на Алонсо и допрва треба да заврши на подиумот, нешто што Шпанецот го направи шест пати.

На трката за Големата Награда на Канада, разликата меѓу двајцата беше повторно очигледна, бидејќи Алонсо ја започна и ја заврши трката на второто место, додека Строл успеа да заврши само деветти откако се пласираше на 16то место на гридот по тешкотиите во саботната влажна квалификациска сесија.

Сепак, и покрај очигледната разлика во класата меѓу тимските колеги, Крак го одбрани настапот на Строл, истакнувајќи дека Канаѓанецот завршил добра работа што поминал низ сообраќајот и освоил поени.

Мислам дека заврши навистина добра работа – изјави Крак.

Во квалификациите тој се бореше со грип, и ако се мачите така, а немате самодоверба, тогаш е многу тешко.

За време на трката, мислам дека возеше навистина добро.

Но, ако сте во ДРС воз, навистина е тешко. Да се дојде од 16то до деветтото е големо достигнување.

На хартија, изгледа само деветто, а кога вашиот тимски колега ќе заврши втор, мислите дека тоа не е добар настап.

Но, кога ќе видите од каде сте тргнале, мислам дека беше многу добро.

Мислам дека тој ќе ги преземе позитивните страни од тука на трките што доаѓаат. Знаеме дека е многу силен на брзите патеки, и претстојат неколку такви патеки, па уверен сум дека можеме да постигнеме подиум со двајцата возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ