Астон Мартин: Дупки во правилата ќе дозволат иновации

Од Астон Мартин изјавија дека пронашле дупки во правилата за претсојнат агодина кои се доста интересни. 

Тимот се подготвува за промоција на АМР23 болидот на 13 Февруари, секако, во присуство на своит возачи, Фернандо Алонсо и Лене Строл. Иако се очекува да биде сличен со претходниот, сепак техничкиот директор Ерик Бландин најави интересни детали. 

Имаме доста паметни иновации во новиот болид. ДОбро е што ги имаме, иако не мора да ги имаме.

Најдовме дупка која ја искористивме, но не е целиот болид базиран на тоа. Кога се почнува нов проект мора да ги знаете ограничувањата  од претходната година за да смислите нов дизајн за да најдете потенцијал во иднина. Доколку имате погрешен концепт, тогаш мора веднаш да се решите од него – посочи бландин.

Астон Мартин е познат по своите екстремни дизајни со новиот концепт на крилото од трката во Унгарија. Според правилата, тие нема да смеат да го користат, но ќе се посветат на промената на концептот од вториот дел на сезоната. 

АМР23 е целосно нов и целосно различен од АМР22. Речиси 90% од деловите се нови и различни.

Болидот ќе го промовираме во фабриката и не сакаме да ги разочараме фановите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ