Астон Мартин планира да отпушти 500 вработени

Астон Мартин објавија план да намалат 10 милиони фунти од своите трошоци што пак ќе резултира во отпуштање на 500 вработени во компанијата.

Производителот на луксузни спортски автомобили има потешкотии кои се познати за сите, како и ниската цена на нивните акции што доведоа Лоренс Строл со група на инвеститори да превземе 25 проценти од компанијата. Како дел од неговата инвестиција, Рејсинг Поинт ќе стане фабрички тим на Астон Мартин за следната сезона, за прв пат по 60 години.

Но, како и Мекларен групацијата и компанијата Рено, намалување на работните места ќе мора да се примени со цел компаниите да бидат поиздржливи и финансиски способни на долг рок.

Како што објавивме претходно, планот е да направиме големи промени во кои е вклучено намалување на производството на автомобили со мотор во предниот дел – велат од Астон Мартин.

Производителот објави загуба од 119 милиони фунти во првиот квартал, а приходите се намалени за 60 проценти на 79 милиони фунти. Продажбата е намалена за 45 проценти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ