Астон негираат дека Алонсо ќе биде возач број еден

Фернандо Алонсо нема да биде возач број еден во Астон Мартин во 2023 година, според тимскиот шеф Мајк Крак.

Претходно овој месец, Алонсо потврди дека ќе го напушти Алпин на крајот на годината и ќе се приклучи на Астон Мартин. Двократниот светски шампион ќе го замени Себастијан Фетел, кој одлучи да се пензионира на крајот од актуелната сезона.

Алонсо ќе биде партнер на Ленс Строл во тимот, кој се трка за екипата од 2019 година по преземањето од таткото Лоренс. Но Алонсо, кој е многу поискусен и поуспешен, нема да има јасен статус број еден во тимот.

Фернандо и Ленс ќе имаат еднаков статус. Фернандо не бараше такво нешто, улога број еден возач.

Во медиумите се зборуваше дека му се понудени работи како статус број еден и огромна плата, но можам да ве уверам дека Фернандо не го прави тоа ниту за статусот ниту за платата.

Се разбира, пакетот треба да биде пропорционален на возач од калибарот и искуството на Фернандо, но брзината со која беше постигнат договорот ви кажува дека работите како платата или деталите од договорот не беа главниот мотив за Фернандо.

Тој самиот кажа пред паузата декакога двете страни сакаат да се договорат за нешто, потребни се само 10 минути. Она што го убеди Фернандо е можноста да биде дел од тим кој напредува и каде што може да има вистинско влијание.

Алонсо е најстариот возач на гридот, а неодамна наполни 41 година. Шпанецот потпиша повеќегодишен договор со Астон Мартин, а Крак тврди дека возраста на Алонсо не е грижа за тимот.

Не ја гледам возраста на Фернандо како проблем. За мене тоа не менува ништо. Тој треба да се оцени според неговата брзина и перформанси на патеката и јасно е дека е добар како и секогаш.

Покрај тоа, нели 40 се новите 30? Наполнив 50 години оваа година и луѓето постојано ми велат дека тоа се новите 40. Ако тоа е вистина, тогаш Фернандо има само 31 година!

Не би ја отфрлил можноста дека имаме многу години заедно, ако можеме да го направиме напредокот што ни треба со конкурентноста на болидот.

Имавме слаби перформанси како тим минатата и оваа сезона. Знаеме дека мора да испорачаме болид за челните позиции.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ