Астон сеуште немаат решение за ДРС проблемот

Астон Мартин сеуште немаат дефинитивно решение на проблемите со ДРС системот кои ги снајдоа во Азербејџан, откако низ Баку користеа посебен лубрикант за да колку-толку ја подобрат работата на крилото.

Фернандо Алонсо и Ленс Строл губеле по две десетинки на главниот правец за време на треннзите во петок и на спринтот и квалификациите. Лошата работа на системот  е предизвикана од спецификацијата на новото крило наменето за патеки кои бараат мала потисна сила. Проблемот беше дополнително зголемен со природата на патеката односно нерамниот асфалт, но и со таков проблем, Алонсо заврши на 4то место, а Строл три позиции зад него.

не можам точно да ви кажам како го решивме привремено проблемот, но не беше далеку од WD40. болидот беше во парк ферме и не можевме многу работи да направиме над него. се обидовме да ја исчистиме површината и да ги провериме празнините, проверивме со во координација со фиа, тие многу ни помогнаа, а променивме и едно крило кај фернандо – посочи тимскиот шеф, Мајк Крак.

Тој вели дека проблемот со ДРСот било големо одвлекување на вниманието од реалниот дефицит на АМР23 кој бил на средниот сектор од кругот.

дрс проблемот ни го одвлекуваше вниманието затоа што тој работи на главниот праве и беше казна за спринтот и трката, но работеше. но, кога анализиравме, губевме главно во вториот сектор кој не е дрс зона.

тоа е одлвлекување на вниманието, а голем дел од тимот се фокусираше на решавање на тој проблем, кој очекуваме да биде отстранет и мислам дека успеавме да го решиме. секако дека сакавме порано викендов да го решиме поблемот, но на крајот на денот не е некоја голема драма.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ