Астон со пола нов болид во Шпанија

Судејќи по она што познатиот Мајкл Шмид го напиша за германски Auto Motor und Sport, се очекува Астон Мартин да има половина нов болид за Шпанското Гранд При следната недела.

“Зелените“ не стигнаа до поени по првите три трки во кои се бореа за 12то место, но следуваа двојните поени на Имола, а во Мајами Себ имаше судар додека се тркаше за топ 10, но Строл освои поен.

Сепак, шест поени по пет трки не е она на што Лоренс Строл се надеваше и за што вложуваше ребрендирајќи го тимот во фабричка Астон Мартин екипа, така што тимот потрошил голем дел од овогодинешниот буџет на половина нов болид кој ќе биде донесен во Барселона.

Шмид откри дека инженерите на тимот од Силверстон му кажале дека болидот ќе има многу новини на следната трка и промената визуелно ќе биде видлива од секаде. Болидот треба да наликува на лидерскиот Ф1-75 на Ферари со тесен заден дел и широки страници.

можеби овој пат ќе го копираат ферари, ќе видиме – напиша шмид.

Но, германецот дополни и дека не е целосно сигурен оти толку променетиот болид ќе биде подготвен за следната трка поради недостатокот на материјали, така што веројатно ќе биде тоа да се прилагоди односно поднови само еден болид. Според него, техничкиот шеф Енди Грин е убеден дека во пакетот има многу повеќе од борба во средината на поредокот и поради тоа напорно работи на АМР22.

видливи ќе бидат разликите од претходникот, но ќе биде решен проблемот со потскокнувањето. целта е да се промовира во шпанија, но проблемите со делови и материјали може да го одложат тоа за една недела. се надеваат дека ќе имаат барем една б-спецификација подготвен за во барселона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ