Астон ќе користат нов начин на именување на болидите

Астон Мартин решија целосно да го променат начинот на именување на своите Формула 1 болиди ова оваа година по ребрендирањето од Рејсинг Поинт.

Иако ќе биде пренесен голем дел од РП20 шасијата со која се тркаа лани и која им помогна да го обезбедат 4то место кај конструкторите, но и да победат за трка, овогодинешниот пакет ќе носи име АМР21. Како што веќе од Силверстон најавија, новиот болид ќе биде промовиран онлајн на 3 Март.

Новиот болид ќе биде обоен во заштитната за компанијата темно зелена тркачка боја, а ќе имаат и нов главен спонзор во американски Конгнизант, иако и БВТ останува партнер на екипата, секако на видливо место.

Од тимот проценуваат дека во оваа сезона ќе бидат пренесени 50% од ланските делови на РП20, а голем акцент е ставен врз подобрувањето на целокупната аеродинамика. Анди Грин, техничкиот шеф на тимот, откри дека работата на болидот почнала уште во Август лани, многу брзо по почетокот на сезоната и дел од тимот бил насочен натаму.

Враќањето на фабричката екипа доаѓа како дополнителен чекор во враќањето на славниот автомобилски бренд “во живот“ по многу тежок период за компанијата. Лоренс Строл, канадскиот милијдер, ја превзеде компанијата, откако претходно го купи Форс Индија на средина од 2019 годиа.

За оваа сезона тие го ангажираа и четирикратниор првак, Себастијан Фетел, кој ќе вози крај Ленс Строл, а прекуброен остана Чеко Перез кој патем победи за тимот лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ