Барселона работи за да си ја задржи трката

Организаторите и промотерите на Големата награда на Шпанија во Барселона работат секојдневно и напорно за да ја задржат трката на Автодромот крај каталонската престолнина.

Шпанското Гранд При во последен момент стана дел од овогодинешниот календар, ношефот на патеката, Јоан Фонтсере и Главниот извртшен директор на Формула 1, Чејс Кери имаа состанок за време на тестирањето минатата недела.

има луѓе кои велат дека формула 1 нема да продолжи на ова патека, но јас ве убедувам дека имаме одлична и голема можност да го продолжиме договорот. чејс е среќен со рпедсезонските тестови и големата публика која ја привлековме на истите – објасни фонтсере за шпанските медиуми.

Главен проблем за шпанците се 20те милиони евра кои треба да се платат на Либерти Медиа за да се организира трката. Реноминратана Marca пренесува дека промотерите работат на тоа да ја прогласат трката за настан од голем национален интерес и на тој начин да добијат помош од Централната Влада.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ