Барселона сака нов договор за во иднина

Организаторите на трката за Големата награда на Шпанија разгледуваат опции за отворање преговори со Либерти Медиа за нов договор за организација на трката од 2021 година.

Барселона не требаше да биде на календарот наредната година, но доби едногодишен договор за 2020 година. Со тоа календарот ќе има 22 трки, а предсезонскит етестови ќе останат во Каталонија.

Сега организаторите се подготвуваат за нови преговори со шефовите на спортот.

Очигледно се работеше оваа година и не треба да ја отфрламе шансата. ТОа е база за наредните договори.

Наша желба е да имаме квалитетни настани во Формула 1. Кога ќе заврши сезонава ќе почнеме нови разговори – најавуваат шпанците.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ