Барселона ќе го менува свиокот број 10

Формула 1 и Мото ГП ќе возат на модифицирана патека Барселона – Каталуња откако стариот свиок број 10 повеќе не ги задоволува безбедносните стандарди на ФИА и ФИМ. 

Тој беше долг лев свиок по кој следеше долг десен свиок на врвот на ридот. Формула 1 одлучи ја го промени во 2004 година за тесен лев свиок за да се подобри безбедноста како и несаканата шикана пред самиот крај.  Мото ГП продолжија да возат на оригиналната конфигурација се до 2016 година кога загина Мото 2 возачот Луис Салом. 

Но, поради близината на бариерата во свиокот број 10, Мото ГП се префрли на конфигурацијата која се користи во Формула 1. Сега се работи на преработка на оригиналниот свиок со потесна верзија и двојно лево свртување во кривините број 10 и 11, а работата треба да заврши пред наредната сезона. 

Во текот на јануари, патеката Каталуња ќе добие нов изглед на свиокот број 10 кој е на влезот во стадионот. Овој проект беше анализиран во последните години заедно со ФИА и ФИМ за да се подобри безбедноста.

Формула 1 користеше една конфигурација додека во Мото ГП се користеше оригиналната, иако подоцна и ФИМ одлучија да ја користат таа на Формула 1.

За наредната година постигнавме согласност со ФИА и ФИМ да се направи нова варијанта на свиокот број 10 помеѓу двете постоечки конфигурации. Со промената ќе се зголеми делот за излетување и ќе се зголеми безбедноста – пишува во соопштението на промотерот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ