Батон изненаден што Норис потпишал толку долг договор

Формула 1 првакот од 2009 година, Џенсон Батон, призна дека бил изненаден што Ландо Норис потпишал толку долг договор со тимот на Мекларен.

Младиот британец стана дел од екипата од Вокинг во 2019 година и сеуште е таму, носејќи шест подиуми до сега. Лани беше официјално потврдено дека тој го продолжил својот договор со тимот кој трае до крајот на 2025 година, а откако тој е дел од екипата, тие се тркаат на средина од поредокот, иако лани најавуваа повеќе, но проблеми на почеокот на сезоната не им дозволија да го покажат целосниот потенцијал.

Батон ги мина своите последни Формула 1 сеони токму со Мекларен и смета дека е дојдено време за Ландо да дојде во позиција да победува.

изненаден сум што тој потпиша толку долг договор затоа што во овој спорт никогаш не се знае кој ќе биде на чело, а дефинитивно ви треба победнички болид ако сакате титули. талентот не е доволен да бидете првак.

може да му помогнете на тимот и на инженерите да го развијат болидот, но секако ви треба силен пакет за да победувате на трки, а мекларен сеуште му го немаат дадено тоа.

на тимот му оди одлично, но во овој момент од неговата кариера му треба победнички болид. да видиме што ќе се случи следните негови години, а јас се надевам дека екипите како мекларен, алпин и астон мартин ќе бидат поблиску до топ 3 и ќе ги предизвикаат. тоа беше целата идеја зад буџетското ограничување и ограничувањето на користење на воздушниот тунел за најдобрите.

се надевам дека мекларен ќе искористат од сето тоа годинава и следната, така што ќе почекаме да видиме што ќе се случи – објасни џенсон.

Крај Норис од оваа година ќе возеи високо ценетиот млад дебитант, Оскар Пиастри, кој буквално беше украден од Алпин за да го замени разочарувачкиот Даниел Рикардо. Батон верува дека Норис и Пиастри ќе имаат огромен притисок над себе од почетокот на сезоната.

норис има многу време пред себе, сеуште е многу млад, но и многу брз, а ќе има исто таков колега во оскар кој има огромен талент. тоа става голем притисок врз двајцата.

пиастри доаѓа во формула 1 многу брзо, многу млад и веднаш има силен болид за себе, така што ќе има и очекувања.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ