Батон сигурен: Мик ќе “гази“ во Формула 1

Џенсон Батон го поддржа младиот Формула 2 првак, Мик Шумахер, сметајќи дека одлично ќе се покаќе во врвната Формула 1 тркака серија.

Синот на седумкратниот Формула 1 првак, Михаел Шумахер, како Формула 2 првак ќе дебитира претсојнава сезона во американски Хаас, екипа која нема добри перформанси минатите неколку години.

Џенсон Батон во својата кариера се иа тркано против неговиот татко и поради тоа е нетрпелив да го види младиот Шумахер во кремот на моторспортот.

одлично е тоа што тој е во формула 1 и личи дека е навистина добро момче. исто така, изгледа дека работи напорно исто така и нетрпелив сум да видам што може на патеката.

ќе има интересен колега околу кој има навистина негативни работи во медиумите, а мик целосна спротивност на него и мислам дека ќе блесне годинава – најави батон.

Мик беше одличен низ јуниорските категории и освојуваше титула по титула за да стигне до Формула 1, а откри дека во своите картинг денови се тркал под друго име за да одбегне преголемо внимание над себе.

Во 2018 година беше Европски Формула 3 шампион, по што мина една серија погоре, во Формула 2 кај према и лани стана првак со 14 поени предност пред својот конкурент Калум Илот.

сигурно дека за него било многу емотивно кога дознале дека ќе вози во формула 1 за хаас. кога се тркате и штом го затворите визирот, тогаш сте вие, болидот и патеката и сигурно имал емотивни размислувања за татко му.

сигурен сум дека би било одлично да може да зборува со него за тој момент, но за жал, мислам дека тоа во моментов не е можно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ